+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2018 година

понеделник, 23 април 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 103.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Рударство и вадење на камен (14.5 %), Преработувачка индустрија (10.7 %) и Информации и комуникации
(10.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Уметност, забава и рекреација (26.4 %), Транспорт и складирање (11.7 %) и Рударство и вадење на
камен (9.9 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23 158 денари.
Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика го промени досегашниот начин на прибирање на податоците
за плати (хартиени обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти) и премина кон користење податоци од
административен извор - Управата за јавни приходи. Промената е направена со цел да се намали оптовареноста
на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика