+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2018 година

понеделник, 21 мај 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 105.6.


Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Рударство и вадење на камен (19.0 %), Информации и комуникации (14.2 %) и Преработувачка индустрија
(12.4 %).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Рударство и вадење на камен (12.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.7 %) и
Информации и комуникации (8.8 %).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2018, изнесува 23 694 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика