+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, мај 2018 година

петок, 20 јули 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 107.1.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23.1 %), Финансиски дејности и дејности на
осигурување (17.4 %) и Информации и комуникации (15.3 %).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна (13.9 %) и Преработувачка индустрија (3.1 %).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2018, изнесува 24 509 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика