+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2019 година

петок, 20 декември 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 103.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.7 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (7.4 %) и Уметност, забава и рекреација (6.7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.4 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесува 25 726 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика