+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2010

петок, 28 јануари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен, во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, изнесува 103.6

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (7.8%), Финансиско посредување (6.3%) и Преработувачка индустрија (6.2%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рибарство (15.6%), Финансиско посредување (4.6%) и Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (1.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2010 изнесува 20 633 денари.

Во ноември 2010 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика