+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2010

среда, 29 декември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, изнесува 102.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (5.9%), Образование (5.4%) и Снабдување со електрична енергија, гас и вода (5.4%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Хотели и ресторани (2.9%), Сообраќај, складирање и врски (1.6%) и Образование (1.1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2010 изнесува 20 584 денари.

Во октомври 2010 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика