+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2011

петок, 27 мај 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето - плата.

Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 101.2

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19.8%), Уметност, забава и рекреација (7.9%) и Информации и комуникации (5.6%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%), Градежништво (4.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2011 изнесува 20 585 денари.

Во март 2011 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика