+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2011 г.

вторник, 28 јуни 2011


Во почетокот на оваа година, Државниот завод за статистика ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена нето-плата.

Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен, во април 2011 година, во однос на април 2010 година, изнесува 100.3.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (26.4%), Информации и комуникации (16.2%) и Стручни, научни и технички дејности (11.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.9%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.4%) и Преработувачка индустрија (2.1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2011 изнесува 20 519 денари.

Во април 2011 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика