+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јуни 2011 година

понеделник, 29 август 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена нето - плата.
 
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, изнесува 103.4.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (50.5%), Други услужни дејности (26.3%) и Уметност, забава и рекреација (7.5%).
 
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Информации и комуникации (24.3%), Административни и помошни услужни дејности (2.6%) и Други услужни дејности (1.1%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2011 изнесува 21 119 денари.
 
Во јуни 2011 година, 2.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика