+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2011 година

петок, 28 октомври 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето - плата.
 
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во август 2011 година, во однос на август 2010 година, изнесува 101.8.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (23.4%), Рударство и вадење на камен (9.5%) и Уметност, забава и рекреација (9.0%).
 
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рударство и вадење на камен (8.7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.3%) и Дејности во врска со недвижен имот (3.2%).
 
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2011 изнесува 20 912 денари.
 
Во август 2011 година, 3.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика