+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2011

среда, 28 декември 2011


 Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето - плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, изнесува 101.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (14.1%), Уметност, забава и рекреација (10.5%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (9.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (6.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.9%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2011, изнесува 20 902 денари.
Во октомври 2011 година, 2.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика