+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, декември 2011 г.

вторник, 28 февруари 2012


Државниот завод за статистика, на почетокот на 2011 година ја примени новата Национална класификација
на дејностите - НКД Рев.2 за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето -
плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според
новата Национална класификација на дејностите - НКД Рев.2.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 99.8.
Ваквото намалување се должи, пред сè на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (8.8%), Информации и комуникации (6.4%) и
Преработувачка индустрија (2.2%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (44.1%), Стручни, научни и технички дејности (22.5%) и
Административни и помошни услужни дејности (13.3%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2011, изнесува 21 415 денари.
Во декември 2011 година, 3.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика