+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2012 г.

четврток, 29 март 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, изнесува 99.8.


Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејност и дејности на осигурување (17.3%), Административни и помошни услужни дејности (6.0%) и Уметност, забава и рекреација (3.0%).


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (27.2%), Административни и помошни услужни дејности (14.3%) и Други услужни дејности (8.7%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2012, изнесува 20 982 денари.


Во јануари 2012 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика