+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2010, во однос на февруари 2009, поголема за 1.1%

вторник, 27 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, изнесува 101.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (8.6%), Рибарство (8.1%) и Преработувачка индустрија (4.8%).

Најголем пораст на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Сообраќај, складирање и врски (4.4%), Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (3.0%) и Рударство и вадење на камен (2.2%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2010 изнесува 29 751 денари.

Во февруари 2010 година, 3.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика