+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2010, во однос на март 2009, поголема за 1.1%

четврток, 27 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2010 година, во однос на март 2009 година, изнесува 101.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (8.2%), Рударство и вадење на камен (7.3%) и Преработувачка индустрија (6.8%).

Најголем пораст на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Образование (6.6%), Преработувачка индустрија (5.5%) и Хотели и ресторани (4.7%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2010 изнесува 29 938 денари.

Во март 2010 година, 3.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика