+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2010 г., во однос на јуни 2009 г., е намалена за 0.5%

петок, 27 август 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, изнесува 99.5.

Ваквото намалување е резултат, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Хотели и ресторани (7.4%), Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (4.9%) и Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (3.6%).

Намалување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.1%), Хотели и ресторани (5.6%) и Рударство и вадење на камен (4.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2010 изнесува 30 035 денари.

Во јуни 2010 година, 3.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика