+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2013

вторник, 28 јануари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 101.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.3%), Tранспорт и складирање (6.1%) и Дејност на здравствена и социјална заштита (3.6%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.6%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (6.4%) и Градежништво (4.5%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30 902 денари.
Во ноември 2013 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.?? 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика