+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2010 г., во однос на август 2009 г., зголемена за 1.5%

петок, 29 октомври 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2010 година, во однос на август 2009 година, изнесува 101.5.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (6.6%), Преработувачка индустрија (6.0%) и Образование (4.5%).

Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.1%), Снабдување со електрична енергија, гас и вода (5.6%) и Хотели и ресторани (5.0%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2010 изнесува 30 207 денари.

Во август 2010 година, 2.7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика