+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, март 2014

среда, 28 мај 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, изнесува 98.6.


Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Информации и комуникации (26.2%), Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна (3.4%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација
на околината (2.3%).


Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.6%), Рударство и вадење на камен (4.1%) и
Други услужни дејности (3.8%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2014 изнесува 30 756 денари.


Во март 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика