+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември2014

четврток, 26 февруари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 103.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13.9%), Градежништво (11.8%) и Дејности во врска
со недвижен имот (9.1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16.4%), Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (9.8%) и Преработувачка индустрија (9.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2014 изнесува 32 741 денари.
Во декември 2014 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика