+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2015

вторник, 28 април 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 101.5.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Други услужни дејности (9.2%), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4%) и
Уметност, забава и рекреација (4.6%).


Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација (7.3%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(7.3%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2015 изнесува 31 126 денари.


Во февруари 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика