+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2015

петок, 26 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во април 2015 година, во однос на април 2014 година, изнесува 102.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.6%), Други услужни дејности (10.3%) и Уметност,
забава и рекреација (9.9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.0%), Транспорт и складирање (3.9%) и
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2015 изнесува 31 939 денари.
Во април 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика