+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2015

среда, 28 октомври 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (12.0%), Други услужни дејности (7.7%) и Стручни, научни
и технички дејности (7.7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.6%), Објекти за сместување и сервисни
дејности со храна (3.8%) и Информации и комуникации (3.6%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2015 изнесува 32 164 денари.
Во август 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика