+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2015

среда, 27 јануари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, изнесува 102.0
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Други услужни дејности (9.5%), Административни и помошни услужни дејности (8.6%)
и Градежништво (7.6%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0%), Рударство и вадење на камен (7.4%) и
Дејности во врска со недвижен имот (2.5%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2015 изнесува 32 268 денари.
Во ноември 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика