+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2016

петок, 21 октомври 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 101.9.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Градежништво (10.9%), Административни и помошни услужни дејности (6.1%) и Јавна
управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.5%).


Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (3.2%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на
големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2016 изнесува 32 789 денари.


Во август 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика