+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2017 година

четврток, 22 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.5


Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Информации и комуникации (19.7%), Рударство и вадење на камен (12.8%) и Трговија
на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8%).


Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е
забележано во секторите: Информации и комуникации (11.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка
на моторни возила и мотоцикли (3.9%) и Градежништво (3.5%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2017 изнесува 33 296 денари.


Во април 2017 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не зеле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика