+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, мај 2017 година

петок, 21 јули 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 102.6.


Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (13.1%), Преработувачка индустрија (5.7%) и Стручни,
научни и технички дејности (5.3%).


Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.2%), Градежништво (4.2%) и Стручни, научни и
технички дејности (4.0%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2017 изнесува 33 640 денари.


Во мај 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика