+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јули 2018 година

петок, 21 септември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен, во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, изнесува 106.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Рударство и вадење на камен (25.1 %), Информации и комуникации (15.6 %) и Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (12.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %), Преработувачка
индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2018 година изнесува 35 322 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика