+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември 2018 година

среда, 20 февруари 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 107.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во
секторите: Информации и комуникации (27.1 %), Уметност, забава и рекреација (20.4 %) и Рударство и вадење на камен (19.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во
секторите: Информации и комуникации (20.0 %), Уметност, забава и рекреација (19.2 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (10.9 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2018 изнесува 37 704 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика