+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2020 година

петок, 20 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.0 %), Уметност, забава и рекреација (18.3 %) и Транспорт и складирање (17.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (15.7 %), Транспорт и складирање (13.5 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9.2%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2020 година, изнесува 41 087 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика