+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, октомври 2010

среда, 29 декември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, изнесува 100.6.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (5.2%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (3.7%) и Снабдување со електрична енергија, гас и вода (3.5%).

Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Хотели и ресторани (2.5%), Сообраќај, складирање и врски (1.4%) и Образование (1.1%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2010 изнесува 30 279 денари.

Во октомври 2010 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика