+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јули 2011 година

вторник, 27 септември 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, изнесува 102.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (38.1%), Дејности во врска со недвижен имот (13.7%) и Транспорт и складирање (11.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (29.4%), Административни и помошни услужни дејности (5.1%) и Рударство и вадење на камен (5.1%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2011 изнесува 30 528 денари.
Во јули 2011 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: ?+389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика