+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, октомври 2011

среда, 28 декември 2011


 
Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална
класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната
месечна исплатена бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени
според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена
бруто-плата по вработен, во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, изнесува
101.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-
плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (13.5%), Уметност, забава и рекреација
(10.6%) и Дејности во врска со недвижен имот (8.7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот
месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (6.0%), Земјоделство, шумарство и
рибарство (3.5%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.2%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2011 изнесува 30 680 денари.
Во октомври 2011 година, 2.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика