+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2011 г.

петок, 27 јануари 2012


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална
класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната
месечна исплатена бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени
според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена
бруто-плата по вработен, во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, изнесува
100.8
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-
плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9.7%), Стручни, научни и технички
дејности (9.1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.6%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот
месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (3.3%), Дејности на
здравствена и социјална заштита (3.2%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација (2.6%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2011 изнесува 30 591 денари.
Во ноември 2011 година, 2.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика