+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2012 г.

четврток, 29 март 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, изнесува 99.6.


Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.7%), Административни и помошни услужни дејности (5.8%) и Информации и комуникации (5.6%).


Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (26.7%), Административни и помошни услужни дејности (13.7%) и Други услужни дејности (7.0%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2012 изнесува 30 768 денари.


Во јануари 2012 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика