+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, четврто тримесечје од 2019 година

среда, 22 јануари 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2019 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0.5 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна и во однос на истото тримесечје од 2018 година. Се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е незначително намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во  однос на  претходното од 2019 година.

Оценката за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат, а бројот на вработените се очекува дека ќе се намали.

Продажните цени во четвртото тримесечје од 2019 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно стабилизирање во наредните 3 месеци. 

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 23.9 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19.1 %,  зголемените трошоци за труд со 17.6 % и слабата побарувачка  од купувачите со 16.6 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика