+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на индустриското производство, јуни 2020 година

четврток, 30 јули 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 14.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22.0 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 24.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.7 %, Капитални производи за 22.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 41.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, изнесува 85.4.
 




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика