+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, прво тримесечје од 2020 година

петок, 29 мај 2020


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0.2 %, трошоците за материјали за 0.1 % и трошоците за вработените за 0.3 %.

Во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со првото тримесечје од 2019 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.8 %, трошоците за материјали се пониски за 3.2 % и трошоците за вработените се повисоки за 14.1 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика