+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на прометот во индустријата, април 2020 година

петок, 12 јуни 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 49.2.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23.8 %, Капитални производи за 80.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 42.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 29.2 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, изнесува 59.1, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, изнесува 84.8.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 82.4.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 %, Капитални производи за 24.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 43.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 20.6 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, изнесува 83.2, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, изнесува 97.7.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 39.0.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 28.9 %, Капитални производи за 82.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 35.2 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, изнесува 49.7, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, изнесува 81.2.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика