+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Население





Склучени и разведени бракови во Република Северна Македонија во 2019 година - дефинитивни податоци

четврток, 21 мај 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2019 година, во споредба со претходната година, е зголемен за  2.4 % и изнесува 13 814 склучени бракови.

Најмногу бракови, 1 747 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец  февруари, т.е. 809 или  5.9 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.3 % за жените и 92.1 % за мажите.

Во втор брак со учество од 7.4 % и трет брак со учество 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2019 година, најголем број бракови 4 563 или 33.0 % се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години. Според возраста, и кај  мажите најголемиот број бракови, односно 5 159 или 37.3 %, се случени во истата старосна група од 25 до 29 години. 

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.9 години за невестата и 29.7 години за младоженецот.

Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22.8 % во споредба со 2018 година и изнесува 1 990 разведени бракови.

Во текот на 2019 година, најмалку  бракови, односно 43 или 2.2 % се разведени во месец  август , а најмногу, т.е. 244 или 12.3 % во месец ноември.

Според траењето на бракот, најголемиот број разводи, односно 430 или 21.6 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика