+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Население





Насилната смрт во Република Северна Македонија, 2018

среда, 19 јуни 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 13.3 % во однос на претходната година и изнесува 477 умрени лица. Умрените од насилна смрт учествуваат со 2.4 % во вкупниот морталитет. Во структуратана умрените од насилна смрт според полот, и во 2018 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа со 76.3 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70.4 %, самоубиствата со 24.3 % и убиствата со 5.2 %.

Во категоријата несреќни случаи, на прво место се умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, со учество од 36.1 %.

Кај категоријата самоубиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење странгулација и суфокација, со учество од 13.4 %.

Во категоријата убиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од пиштол, со 1.9 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика