+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Животна средина





Трошоци за заштита на животната средина, 2019 година

понеделник, 07 септември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2019 година изнесува 7 579 784 илјади денари.

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (31.48 %), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (25.06 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (23.00 %).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 58.07 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 41.93 %.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 577 086 илјади денари, односно 60.39 %.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 61.28 % се наменети за инвестиции, а 38.72 % се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 80.30 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика