+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Животна средина





Користење на водите и нивна заштита од загадување во индустријата, 2018 и 2019 година

петок, 29 мај 2020


Прикажаните податоци на Државниот завод за статистика претставуваат резултати за зафатени, користени и испуштени води во 2018 и 2019 година.

Вкупното количество зафатенa вода од индустриските претпријатија во 2018 година изнесуваше вкупно 3 378 милиони.м3, при што секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 97.8 %. Во 2019 година вкупното количество зафатенa вода изнесуваше 2 337 милиони м3, што е за 30.8 % пониско од 2018 година.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 65.6 % во 2018 година и 68.0 % во 2019 година.

Вкупното количество користена вода во 2018 година изнесуваше 2 228 милиони м3. Споредено со 2018 година, вкупното количество користена вода во 2019 година бележи намалување од 27.6 %. Од вкупно испуштените води, во 2018 година се пречистени 16.0 %, а во 2019 година 15.6 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика