+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Животна средина





Јавен водовод и јавна канализација, 2018

четврток, 20 јуни 2019


За потребите на снабдување со вода, во 2018 година биле зафатени и преземени 305 430 илјади м3  вода, што е за 10.1 % повеќе во споредба со истиот период во 2017 година. Од вкупното зафатено количество вода, 11.9 % се од подземни води, 67.9 % од изворски води, 11.0 % од водотеци, 8.2 % од акумулации и 1.1 % од езера.

Вкупното количество преземена вода од други водоводни системи е за 8.3 % поголемо во однос на претходната година.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2018 година било за 20.2 % повисоко во однос на претходната година. Во структурата на потрошувачката на вода најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 55.5 % од вкупно испорачаната вода од јавниот водовод. Во 2018 година, јавниот водовод имал загуби на вода поголеми за 0.1 % во споредба со референтната вредност во 2017 година.

Вкупното количество отпадни води во 2018 година било за 2.6 % помало во однос на 2017 година. 

Вкупното количество непречистени отпадни води во 2018 година се намалило за 10.6 % во однос на претходната година. Вкупното количество пречистени отпадни води било за 32.2 % повисоко во однос на 2017 година. Најмногу отпадни води биле испуштени во водотеци (41.7 % непречистени и 20.8 % пречистени отпадни води).

 

Направена е исправка во единиците мерки прикажани во првата реченица од соопштението и во табелите.

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика