+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ





Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2018 година - претходни податоци -

понеделник, 30 септември 2019


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и од други извори, бруто-домашниот производ во 2018 година изнесува 658 053 милиони денари и во однос на 2017 година е номинално зголемен за 6.5 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2018, во однос на 2017 година, изнесува 2.7 %.

Најголемо учество на додадената вредност со 19.6 % во структурата на БДП, во 2018 година, имаат секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2018 година, во однос на 2017 година, номинално расте за 5.3 %, а во структурата на БДП учествува со 80.7 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2018 година изнесува 60.6 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2018 година изнесува 130 242 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.4 %, машините и опремата со 34.1 %, а останатите инвестиции со 8.5 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика