+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на бројот на работниците во индустријата, март 2020 година

четврток, 30 април 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 95.5.

Бројот на работниците во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање во секторите: Рударство и вадење на камен од 1.6 %, Преработувачка индустрија од 4.8 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст од 0.3 % бележи кај Капитални производи.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, изнесува 96.4.

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика