+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Образование и наука





Запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2018/2019 година (прв циклус на студии)

петок, 19 јули 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53 677 студенти, што претставува намалување за 5.7 % во однос на академската 2017/2018 година.

Бројот на запишани студентки изнесува 30 352 или 56.6 %.

Најголем број студенти (87.0%) се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.4 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2018/2019 година, се запишани 13 931 студенти или 26 % (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика