+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Култура





Музеи и музејски збирки во Република Северна Македонија, 2018

петок, 10 мај 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетителите на музеите во 2018 година изнесува
427 493.
Од вкупно 26 музеи, според основачот, 18 се јавни (национални) музеи, 8 се јавни (локални) музеи, додека според
предметот на работа 15 се општи и 11 се специјализирани музеи.
Во 2018 година, музеите организирале 117 сопствени изложби, од кои 39 изложби биле организирани од општите
музеи и 78 од специјализираните музеи .
Музеите располагале со 170 440 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26 615 во музеите во 2018 година.
Збирките располагале со 167 827 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 26 282.
Податоците презентирани во ова соопштение се добиени од пополнетите прашалници за 2018 година што ги доставија
26 музеи и од 40 музејски збирки.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика