+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Пазар на труд





Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2020 година

понеделник, 22 јуни 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13.1 %), Други услужни дејности (7.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8.6 %), Транспорт и складирање (6.8 %) и Преработувачка индустрија (6.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 38 567 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика