+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на цените во земјоделството, април 2020 година

петок, 15 мај 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 10.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1.6 %.

Во април 2020 година, во споредба со април 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 89.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.7.

Во делот аутпут, во април 2020 година, во споредба со април 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.6.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика